Гостивар триумфално во Скопје против Феникс 2010 за чекор поблиску до плеј-оф (ФОТО)

Гостивар е се поблиску до место во разигрувањето за титула во домашното првенство откако во 7. коло од Суперлигата славеше на гостувањето кај Феникс 2010 со 60-73. „Сино-белите“ кои важеа за фаворити на денешниот натпревар го искористија отсуството на искусниот Трајковски во рекетот, преку високите играчи направија разлика, а ја имаа и поддршката од клупата па сосема заслужено стигнаа до 17. победа.

Натпреварот започна во изедначено темпо на двете страни од теренот во кое ниеден тим не успеа да го најде напаѓачкиот ритам па по првата четвтина резултатот гласеше 16-19. А, прв иницијативата ја превзема Гостивар кој со серија од 8-3 стигна до предност од 19-27, имаше и напад за двоцифрена предност, но откако Рансом не успеа во обидот, младиот состав на Дервишевиќ успеа експрено да се врати во мечот. Погодуваа Михајлоски и Митревски па стигнаа и до изедначување (27-27), но гостите навремно ги консолидираа своите редови. Ја зацврстија одбраната, го најдоа и ритамот во нападот па до полуврмето успеаја да стигнат до посакувната двоцифрена предност (33-48).

Гостивар продолжи да ја користи подолгата клупа и поголемото искуство и во второто полувреме па и покрај подобрата одбрана на домаќините успеа да ја зголеми предноста на 44-62 по 30. минути игра, но домаќините не се предадоа и покрај големиот заостаток. Младиот состав одигра одлично во последната четвртина во која дозволи само два поени за речиси шест минути па намали на 51-64, но овој пат немаше сили за нова сензација. Тодоровиќ одговори со серија од осум поени во низа па стави крај на дилемите за победник.

Андреј Митревски и Павле Михајлоски беа лидер на Феникс 2010 со 22 поени и 6 скока, односно 21 поен и 14 скока, додека со 15 поени прво име кај Гостивар беше Виктор Ефремовски. Него го следеа Јанески и Тодоровиќ со по 11 поени.

Се вчитува...