Гризман во шок, преку медиумите дознал дека Барса сака да го продаде

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, не знаел дека „Каталонците“ започнале преговори за евентуално негово враќање во екипата на Атлетико Мадрид, па на тој начин да се ослободат од него и да размислуваат за негова евентуална замена.

Според шпанскиот медиум – „РМС Спорт“, се наведува дека тимот од „Камп Ноу“ се обидува да се ослободи од играчите што имаат големи примања, па на тој начин да ја неутрализираат финансиската криза.

Иако францускиот фудбалер има желба да остане на „Камп Ноу“, се претпоставува дека Барса ќе инсистира да го испрати во Атлетико.

Се вчитува...