Фудбалската селекција на Грузија ги минува последните тренинзи пред закажаниот дуел со Македонија. Домаќините овојпат влегуваат со голема самодоверба, откако преходно остварија победа од 0-3 во Скопје.
Грузијците не кријат дека влегуваат мотивирано на овој дуел, а главна цел им е да го искористат домашниот терен и да го потврдат првото место во групата.
„Македонија има одлични играчи и силен тим. Очекувам тежок натпревар. Супер вест е што сите билети се распродадени. Секако, ова е голема наплата за нас играчите. Дефинитивно ќе се обидеме да победиме, бидејќи навистина сакаме да обезбедиме прво место во групната фаза во Тбилиси. Во тимот има многу здрава конкуренција, сите се пријателски расположени еден со друг, што е многу убаво. Добро е да се работи во таков тим. Многу играчи постигнаа голем напредок и тоа ќе биде многу корисно за нашата репрезентација“, изјави Гурам Кашиа.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија е закажан за в петок со почеток од 18.00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА