Пред дербито со Арсенал, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше и за својот пријател и поранешен помошник Микаел Артета, сегашниот менаџер на лондонските „топчии“.
Дербито на петтото коло од Премиерлигата се игра во недела во Лондон, каде што Арсенал го пречекува Манчестер сити.
„Топчиите“ беа вицешампиони на Англија во последните три сезони, двапати зад „граѓаните“ на Гвардиола, а минатата сезона зад Ливерпул на Слот. Сега тие повторно се меѓу најсериозните кандидати за титулата, особено откако доведоа неколку исклучително квалитетни засилувања.
„Сакам да му кажам на мојот пријател, Микел Артета, ако ја освои титулата во Премиерлигата, тоа ќе биде само поради вложените пари, а не затоа што тој и неговите играчи работеа напорно! Исто како и Ливерпул! Ако Арне Слот повторно ја освои титулата, тоа ќе биде затоа што потроши многу пари оваа година, нели? Затоа што тоа не му се случи само на Манчестер сити, нели? Значи, сите го прават тоа…“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

