Гвардиола: Морам да се грижам за моите фудбалери како родител што се грижи за своите деца

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека мора да се „грижи“ за своите играчи „како што татко и мајка се грижат за своите деца“, во време кога неговиот тим поминува низ исклучително густ распоред на натпревари.

Минатата недела, Сити ги победи Манчестер Јунајтед и Наполи, а во недела на „Емирати“ примија гол во судиското продолжение и одиграа 1-1 со Арсенал. Во среда, Сити го очекува натпревар од третото коло на Лига Купот против Хадерсфилд, а списокот на повредени играчи станува сè подолг.

„Мора да се грижам за моите фудбалери како родител за своите деца. Ќе бидеме стабилни и чекор по чекор, како што повредените ќе се враќаат, ќе учиме што можеме да направиме подобро“, рече Гвардиола.

Се вчитува...