Гвардиола: Нашата цел е првото место, Сити е подготвен за предизвикот во Дортмунд

Ерлинг Халанд вечерва ќе се врати во Дортмунд и вторпат ќе се надигрува со својата поранешна екипа. Тимот на Сити на оваа средба ќе игра за потврда на првата позиција на табелата во групата Г.

Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола во пресрет на овој меч изјави дека е среќен што уште еднаш ќе може да води екипа на „Сигнал Идуна Парк“. Во минатото тоа го правеше додека беше дел од Баерн Минхен.

„Сите знаат за атмосферата во Дортмунд. Тоа е мотив да се игра таму. Среќен сум што ќе можам да се вратам на овој стадион уште еднаш. Знаеме дека ќе биде тежок меч … овој тим е подготвен за новиот предизвик. Борусија игра одлична одбрана и контранапади. Веќе сме во осминафиналето, а тоа е најважно за нас. Нашата цел е да завршиме на првото место во групата, во пресрет на Мундијалот“, изјави шпанскиот стратег.

Борусија Дортмунд имаше предност на првото соочување во Манчестер, но дозволи пресврт, кој беше потврден од страна на Халанд, за конечни 2-1 за својот нов тим.

Се вчитува...