Хабиб го откачи Мекгрегор: Ме молеше да не го убијам, а сега сака пак да се борам со него

Хабиб Нурмагомедов ја отфрли можноста повторно да влезе во октагонот против Конор Мекгрегор. Ланската пресметка меѓу двајцата УФЦ борци заврши со невиден хаос во Лас Вегас, Нурмагомедов стигна до шампионскиот појас, а следен ривал ќе му биде Тони Фергусон. Мекгрегор во изминатиот период неколку пати го провоцираше Дагестанецот, но тој останува цврст на ставот дека нема шанси да му даде шанса на ирскиот борец.

„Тони Фергусон е на ред, јас сакам да се борам со луѓе кои имаат победнички серии. Не ме интересира лик што три години не може да победи никого. Во последните три години имаше еден аматерски меч во бокс и една победа. Со што заслужил да му дадам реванш? Ме молеше да не го убијам, а сега сака пак да се бори со мене. Нема шанса“ – порача Нурмагомедов.

Земајќи го во предвид карактерот на Мекгрегор, за очекување е во најскоро време да следи и одговор на ирскиот борец.

Се вчитува...