Халеп и Мугуруза во битка за финале на Австралија Опен, прво грен-слем полуфинале за Зверев

Симона Халеп и Гарбине Мугуруза ќе играат меѓу себе во полуфиналето на тенискиот грен-слем, Австралија Опен. Романката забележа четвртфинална победа во само 53 минути над Анет Контавејт со 2-0 во сетови и со само два загубени гема. Халеп и двократна грен-слем титуларка, од Ролан Гарос во 2018 и од Вимблдон минатата година, нема успех на турнирот во Мелбурн.

На патот до финалето ќе треба да се соочи со Шпанката, Гарбине Мугуруза која исто така има две грен-слем титули, но нема трофеј во Австралија. Мугуруза за пласман во полуфиналето славеше во два сета над Русинката Анастасија Павлиниченкова. Првиот сет го доби со 7-5, а во вториот беше подобра со 6-3.

 

 

 

Германецот Александер Зверев се пласираше во првото грен-слем полуфинале во кариерата по победата од 3-1 во сетови над Станислас Вавринка. 20-годишниот германски тенисер е најмладиот учесник во завршницата од турнирот во Мелбурн. Следен противник ќе му биде победникот од дуелот меѓу бранителот на трофејот, Новак Ѓоковиќ и Милош Раонич.

 

 

 

Се вчитува...