Не требаше да мине многу време од престојот на полските хулигани во Скопје за да се појават и првите проблеми за органите на редот во нашиот главен град.
Првиот посериозен инцидент се случи во локал во центарот на градот, каде неколку хулигани влегоа во конфликт со полициските сили, дел од нив беа уапсени, а дел побегнаа пред да завршат зад решетки. Погледнете што се случување во видеото објавено од ТВ Клан.
Ова е само најава за уште побурни случувања утре, кога Полјаците ќе бидат во многу поголем број, со оглед на најавените 2.000 навивачи на Националната Арена „Тодор Проески“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА