Англиските навивачи продолжуваат да прават проблеми на неколку часа пред почетокот на големото финале на ЕВРО 2020. Приврзаниците на „гордиот албион“ најпрвин се истепаа меѓусебе пред стадионот „Вембли“, за дел од нив да направат нов инцидент – без билети да влезат на стадионот.
Британските медиуми објавија видео како десетици фанови успеваат да ја пробијат заштитната ограда, а потоа дел од нив му бегаат на обезбедувањето и се качуваат по скалите кон трибинскиот простор на „Вембли“.
Повеќе од сигурно е дека тие ќе бидат отстранети од трибините, но јасно е дека Англичаните се подготвени на најразлични лудости да се обидат да бидат дел од овој историски настан – прво финале на „гордиот албион“ на европските шампионати.
Some fans have attempted to storm into Wembley ahead of the Euro 2020 final🔽pic.twitter.com/XyYRRXBFHY
— Mirror Football (@MirrorFootball) July 11, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА