Низ улиците на Глазгов владееше хаос во пресрет на синоќешниот дуел меѓу Глазгов ренџерс и Осијек, што заврши 1-1, па шкотскиот гигант ги продолжи настапите во квалификациите за Лигата на Европа.
Шкотските медиуми јавуваат дека инцидентот бил инициран од страна на хрватските фанови, кои ги нападнале домаќините, по што дошло до масовна тепачка.
Во болниците во Глазгов биле примени дваесетина повредени фанови, двајца од нив и хрватски навивачи со убодни рани, кои за среќа се наоѓаат надвор од животна опасност.
Massive fight at Ibrox between Rangers fans and Osijek fans tonight. #RFC #Osijek pic.twitter.com/CGMgM3xO3X
— 80s Casual Clothing (@casual_80s) August 2, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА