Мишел дер Закаријан повеќе не е тренер на Монпелје откако доби отказ по новото катастрофално издание на оваа екипа и убедливиот пораз од 0-5 на домашен терен од Олимпик Марсеј.
Ова беше шести пораз на осумте досегашни средби на Монпелје во францускиот шампионат, особено катастрофално делува одбраната со вкупно 26 примени гола, а претседателот Лорен Николан немаше друг избор освен со тренерска смена да се обиде да ја разбуди екипата.
„Се чувствував приморан да ставам крај на соработката со тренерот Закаријан. Се видов и со фудбалерите, им честитав и јасно им ставив до знаење дека тренерот добива отказ поради нивните слаби изданија на теренот. Треба сите да се погледнат во огледало, ако сакаме да не испаднеме од првата лига“, изјави Николан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА