Нотингем Форест се искачи на делба на седмото место со Тотенхем откако „шумарите“ славеа во вечерашниот дуел против Кристал Палас со 1-0.
Двата тима имаа свои шанси, ја погодија гредата во раната фаза од мечот, но момент на одлука беше погодокот што во второто полувреме го постигна Крис Вуд. Центарфорот на Нотингем имаше неколку промашени шанси во првиот дел, но затоа одлично се снајде во 65. минута и со удар од дваесетина метри го матираше голманот Хендерсон.
Палас се обиде да се врати, но гостите не успеаја да го најдат патот до мрежата. Лондонскиот тим по осум рунди се уште е без победа во Премиер-лигата (три реми и пет порази), со само пет гола се најнеефикасен тим во елитното друштво, па јасно е зошто расте притисокот врз менаџерот Гласнер, кој по вечерашниот пораз би можел наскоро да добие отказ од функцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА