Хаос во Холандија: Куман ги критикуваше играчите, легендите „удрија“ по капитенот

Фудбалската репрезентација на Холандија имаше половичен успех на стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

Холанѓаните најпрво шокантно загубија од Франција со убедливи 4-0, а потоа го победија Гибралтар со 3-0, со 49 удари кон голот на противникот.

Селекторот Роналд Куман изјави дека е „шокиран“ од фудбалерите.

„Мораме да се поправиме. Шокиран сум од она што го видов. Навистина мораме подобро. Мораме да се кренеме, затоа што ова беше премалку. Беше лоша недела, многу играчи се разболеа. Доживеавме дебакл со Франција, а ниту против Гибралтар не бевме на нивото. Никогаш не ми било потешко во мојата селекторска кариера“, рече Куман.

Играта на „лалињата“ ја критикуваа легендарните Марко ван Бастен и Руд Гулит. Односно тие повеќе го критикуваа капитенот Вирџил Ван Дајк.

„Ван Дајк мора да биде на топка. Но не, тој додава и вели: еве ти, направи го тоа. Не превземе одговорност. Го критивкуваме Ван Дајк со желба да му помогнеме. Тој е во тимот на годината? Нека го докаже тоа, дали и понатаму е вреден? Сите мислат така, но јас не. Добар капитен размилува гласно, им појаснува на сите. Тој прави хаос, и тоа придонесува за недоразбирања“, рече Гулит.

Се вчитува...