Првиот од четирите дена од завршницата на сезоната во ски-летови на Планица мина во знакот на страшниот пад на Даниел Андре Танде.
Норвешиот ски-скокач на почетокот од летот ја загуби контролата, по што падна директно на главата. Лекарите веднаш му укажаа прва помош, по што тој со хеликоптер беше пренесен во најблиската клиника.
Според информациите од Словенија, Танде се наоѓа во стабилна состојба, но ќе мора да мине уште најмалку 48 часа во болница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА