Добро познато е дека Лука Дончиќ е „повеќе од половина“ репрезентација на Словенија, но никој не очеуваше оваа селекција да настрада така тешко без својата главна ѕвезда на гостувањето против Естонија во квалификациите за Мундобаскет 2027.
Естонците целосно издоминираа во однос на словенечките кошаркари, славејќи со преубедливи 93-62 за искачување на првото место во оваа квалификациска група. Словенија делуваше немоќно, постигна по 31 поен и во првото и во второто полувреме, додека естонските кошаркари до врв го наполнија нивниот кош.
Вакс со 20 и Кононцук со 19 поени беа најефикасни во победничкиот состав, додека Грегор Хроват со 11 поени беше единствениот со двоцифрен ефект во бледата словенечка репрезентација.
Хрватска со импресивна игра на гостински терен го декласираше аутсајдерот Кипар со 50-123, уште едно добро издание откако „коцкестите“ веќе го обезбедија пласманот во следната рунда од овие квалификации за СП. Убедливиот триумф беше најавен со импресивната прва четвртина што Хрватска ја доби со 12-35, по што предноста растеше од минута во минута до конечните „плус 73“.
Ивица Зубац имаше дабл-дабл од 24 поени и 11 скокови за само 18 минути игра, додека Дарио Шариќ го заврши мечот со 21 поен, 10 скокови и 5 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
