Ибрахимовиќ ги „поздрави“ навивачите на ЛА со фаќање за гениталиите (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ повторно беше во центарот на вниманието во американската МЛС лига. Неговиот Галакси беше поразен со 5-3 од градскиот ривал ФК Лос Анџелес, а на Златан тешко му падна поразот и тоа што нема да игра полуфинале во лигата.

Раното губење на шансите за освојување на трофејот го разочара Швеѓанецот, кој за време на излегувањето од теренот се фати за гениталиите и на тој начин ги провоцираше домашните фанови. Со овој потег тој се најде на удар на критики на јавноста во САД која смета дека со овој негов потег не покажал ни малку почитување према противникот. Како што стојат работите ова беше негов последен меч во МЛС лигата, бидејќи најверојатно тој ќе се врати во Европа.

 

Се вчитува...