Ибрахимовиќ во елемент – Да не бев оженет ќе го ширев своето семе по САД

Златан Ибрахимовиќ откако се пресели во ЛА Галакси постојано ја забавува американската јавност со своите изјави. Шведскиот фудбалер одново беше во свој елемент во шоуто на Дан Патрик и откри како тој би го подобрил развојот на фудбалот во САД.

Да не сум оженет, ќе го ширев своето семе по САД и така ќе помопгнев за развој на фудбалот во Америка. Сопругата ме праша дали се шегувам, но јас и реков дека сум сериозен. Но, сеедно, ништо од банката за сперма на Златан, единствено мојата сопруга ги прима моите „инвестиции“. Имам двајца синови дома и тие ми се доволни, ги одгледувам како нинџи“ – направи шоу во шоуто, Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...