Ибрахимовиќ за Марадона: Останавме без идолот на сите фудбалери

Смртта на Диего Армандо Марадона го потресе фудбалскиот свет, а бројните „ѕвезди“ на овој спорт секојдневно испраќаат пораки со кои ја величаат аргентинската легенда. Последниот што испрати Аргентинскиот генијалец е Златан Ибрахимовиќ, кој за Марадона вели дека бил „поголем од фудбалот“.

„Многу ми е жал за Диего, тој беше поголем од фудбалот. Марадона беше легенда, за многумина и религија. Имав среќа да го запознаам, според мене ова е трагедија бидејќи останавме без идолот на сите фудбалери. Тој е симбол на „десетката“ во фудбалот, луѓето денеска го бираат токму тој број поради него“, вели Ибрахимовиќ.

Според Швеѓанецот, контроверзниот приватен живот на аргентинскиот великан не смее да остави дамка врз неговото фудбалско наследство.

„Не знам дали секогаш ги носеше вистинските одлуки, но убеден сум дека се што правеше, правеше со срце и затоа цел свет го сакаше. Модерниот фудбал е преполн со фудбалери кои се обидуваат да бидат совршени, да не направат ниту една грешка. Јас пак велам дека човек мора да греши за да порасне, да созрее. Никој не се родил совршен. На Марадона треба да му се „суди“ само за она што го правеше на теренот, а тоа го правеше беспрекорно“, истакнува Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...