Светската ракометна федерација (ИХФ) сериозно ја разгледува можноста за промена, ограничување или целосно укинување на правилото за игра со седум играчи во напад без голман, пренесува француските медиуми.
Ова тактичко правило, кое донесе револуција но и многу дебати во модерниот ракомет, било една од главните теми на неодамнешните разговори за иднината на ракометната игра. Првиот потпретседател на ИХФ, Филип Бана, потврди дека прашањето е ставено на маса по консултациите меѓу врвните тренери и експерти меѓу кои и Талант Душебаев.
Според најавите, Советот на ИХФ во јануари 2027 година ќе расправа за потенцијално експериментално тестирање на новите модифицирани правила, кои првично би се примениле на Светските првенства за младински категории во текот на 2027 година.
Тимот кој ќе остане со ракометар помалку може со повлекување на голманот повторно да има шест играчи во нападот, со што практично се неутрализира дел од предноста што противникот би требало да ја добие поради исклучувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
