Икарди се расплака: Ти благодарам љубов моја за довербата… те сакам (ФОТО)

Се чини дека крајот на сагата за разделбата на Мауро Икарди и Ванда Нара ќе биде среќен крај и „фудбалскиот пар“ ќе го зачува семејството откако голгетерот на ПСЖ објави фотографија од него и неговата сопруга на социлјаната мрежа „Инстаграм“.

Тој ги пропушти последните два тренинга на ПСЖ и не настапи на дуелот против Лајпциг откако доби дозвола да замине за Милано за да се обиде да си го спаси бракот, а по „успешната мисија“ и се заблагодари на Ванда за новата шанса.

„Ти благодарам љубов моја за довербата во оваа прекрасна фамилија. Ти благодарам што продолжуваш да бидеш двигател на нашиот живот. Те сакам. Боли кога ќе ги повредиш љубените. Раните зараснуваат само кога ќе добиеш прошка од оние кои си ги повредил“, напиша Икарди.

Се вчитува...