Турските репрезентативци ги понесоа најголемиот број признание на годинашново издание на 49. Интернационален илинденски кајак слалом (ИКАС) кој викендов се одржа на Матка, крај Скопје.
Во дисциплината К1 кај мажите, триумфираше Турчинот Мустафа Арда Ачар пред Гркот Панајотис Зисекас, додека на третото место заврши уште еден турски репрезентативец Анич Ачар.
Најуспешен Македонец во К1 беше Љубомир Спасиќ кој заврши на четвртото место со заостанување од околу 10 секунди зад водечкиот. Борче Мирчевски го освои 7. место, Христијан Игњатов заврши на осмата позиција, Енис Небиовски на 9. место и Сашко Нацев на десеттата позиција.
Во женска конкуренција, првите две места ги освоија Турчинките Седа Нур и Гамзе Полат, а бронзениот медал го освои Олена Никодовск.
Во Ц1, триумфираше Антонио Мариниќ од Хрватска, пред Србинот Горан Јовановиќ, а трет беше Мурат Читчи од Турција. Единствениот македонски кајакар во финалето, Роберт Папазов заврши на 4. место.
Во женска конкуренција во Ц1 победи Турчинката Кадер Коркмаз.
На годинашниот ИКАС 2017 учествуваа натпреварувачи од Македонија, Турција, Грција, Хрватска, Србија, Украина, Финска, Унгарија и Литванија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА