Илчо Наумоски „стапна на лудиот камен“ (ФОТО)

Се ожени поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Илчо Наумоски.

Наумоски денеска во австриски Корнебург се венча со избраничката на своето срце Сара, која е професионална ракометарка од Србија.

Среќната двојка наскоро очекува и принова, малиот Милан се очекува во јуни да го израдува младиот брачен пар.

Илчо Наумоски во својата кариера, која ја заврши во дресот на Вардар, најголемата слава ја достигна со настапите во австриски Матерсбург и ГАК Грац. Има и неизбришива трага во дресот на македонската репрезентација, настапувајќи на 45 официјални натпревари.

Се вчитува...