Има само десет во светот: Роналдо си купи „ѕвер“ за 9,5 милиони евра (ФОТО)

Кристијано Роналдо продолжува со одлични игри во дресот на Манчестер Јунајтед и на португалската репрезентација, па големиот ас реши да се почести со ново фантастично возило во својата богата колекција.

Ова дефинитивно е и највредно од сите, ако се знае дека Роналдо издвои 9,5 милиони евра за да го купи најновиот модел на Бугати.

Станува збор за ултраредок и суперлуксузен автомобил, “Bugatti Centodieci”, за кои компанијата донесе одлука да произведе само десет возила.

Роналдо успеа да се избори да биде еден од десетте горди сопственици, а јасно е дека парите не се проблем за Португалецот кој заработува богатство не само од фудбалските, туку и од спонзорските договори што ги потпишува низ годините.

Се вчитува...