Инстаграм му носи богатство на Роналдо: Заработува повеќе од сестрите од кланот Џенер-Кардашијан

Неверојатни 47,8 милиони долари заработил Кристијано Роналдо од Инстаграм во 2019 година. Тоа е приход од социјалната мрежа поголем во однос на оној од фудбалот. Португалецот кој Инстаграм го сфаќа како сериозен бизнис секојдневно има објави на платформата, а најголемиот дел се платени партнерства со компаниите кои му се спонзори или му плаќаат за да ги има на неговиот профил. Роналдо има најмногу следбеници на Инстаграм, неговиот профил го следат дури 195 милиони луѓе.

Заработувачката на Роналдо е повеќе од двојно од онаа на Лео Меси, а трите сестри од кланот Кардашијан-Џенер, најследената на Инстаграм, Кендал, која го држи третото место по заработувачка, како и Кајли Џенер и Клои Кардашијан заедно не ја достигнуваат неговата цифра.

Далеку зад Роналдо со 10 милиони долари заработувачка е Дејвид Бекам, Златан Ибрахимовиќ е на четири милиони, а во топ десет од спортистите се и Нејмар и Роналдињо.

Се вчитува...