Натпреварот меѓу Австрија и Италија во осминафиналето ќе биде првиот меч кој ќе замине во продолженија на Европското првенство, откако по 90. минути резултатот е 0-0. Италијанците беа подобар противник во првиот дел, но не успеаја да ја материјализираат подобрата игра. Најблиску до гол беше Чиро Имобиле кој ја погоди пречката.
Во вториот дел Австријците заиграа далеку подобро. Марко Арнаутовиќ во 65. минута успеа да го матира Џанлуиџи Донарума, но по консултација со ВАР главниот судија Ентони Тејлор поради офсајд го поништи голот.
Поништениот гол на Марко Арнаутовиќ погледнете го на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА