ИТКФ организира онлајн Медитерански шампионат во традиционално карате

За првпат во историјата, од 16 до 18 јули 2020 година, се одржува ИТКФ онлајн Медитерански шампионат во традиционално карате – (кати) за кадети, јуниори и сениори. На Медитеранскиот онлајн шампионат учествуваат 188 напреварувачи од 22 земји меѓу кои и од Македонија.

За македонската репрезентација во традиционално карате во кати настапуваат: Дејан Недев, Аљоша Недев, Спасе Стојанов, Јане Бургов, Мила Саздова, Берта Милевска, Јана Милевска, Ведран Андоновски, Александра Стојановска и Максим Илиев. Изведбите на катите на сите напреварувачи се снимени со видео камери и испратени до судиските комисии кои гласаат со оценки онлајн.

Судии од Македонија кои се делегирани и избрани да судат се: Венцислав Недев, Дејан Недев, Аљоша Недев и Јадранка Недева.

Се вчитува...