Откако заврши Европското фудбалско првенство, избран е најдобриот тим на овој турнир. Познато е дека Италија стана европски првак, голманот Џиџо Донарума е најдобар фудбалер на турнирот, а сега е избран и најдобриот тим.
Италија и Англија, како финалисти имаат најмногу претставници, по тројца, Данска има двајца, а по еден има од Швајцарија, Франција и Португалија.
На голманската позиција се наоѓа Донарума, што е сосема очекувано, во одбраната Хари Мегваер и Џорџо Кјелини како стопери, Лук Шо на лев бек, а Јоаким Меле на десен. Во средниот ред Гранит Џака и Пол Погба, а во офанзивата Каспер Долберг, Федерико Кјеза и Рахим Стерлинг, додека центарфор е „златната копачкаѐ“ на овој шампионат, Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА