Избран тимот на ЕВРО 2020 – Италијанска доминација, нема место за најдобриот стрелец (ФОТО)

Избран е тимот на Европското првенство 2020. Очекувано во него доминира шампионот Италија со дури пет фудбалери. На голот се наоѓа Џанлуиџи Донарума кој беше избран и за МВП на шампионатот, а тука се и Леонардо Бонучи, Леонардо Спинацола, Жоржињо и Федерико Киеза.

Финалистот Англија има три играчи, Рахим Стерлинг, Хари Мегваер и Кајл Вокер. Во најдобрите единаесет се најдоа и Педри од Шпанија и Хојберг од Данска, а нападот го предводи Белгиецот, Ромелу Лукаку.

Во тимот немаше место за најдобриот стрелец Кристијано Роналдо, а од најдобрите 11 отпадна и Патрик Шик кој исто како и Португалецот шампионатот го заврши со пет гола.

 

 

 

Се вчитува...