„Излета“ фотографија од авионот на Бензема – Французинот во поза со женска нога!? (ФОТО)

Карим Бензема се најде во центарот на вниманието поради неговата објава на Твитер. Бензема објави фотографија од својот приватен авион, но набргу потоа реши да ја избрише и на сите им беше јасно зошто.

Францускиот напаѓач очигледно веднаш не забележал ниту еден детал во објавата, а фотографијата ја избриша само кога неговите фанови почнаа да ја коментираат.

Имено, на фотографијата се гледа „големиот“ палец на женско стапало кој не бил на вистинското место. Таа девојка го фотографирала Бензема додека спиел, а напаѓачот на Реал Мадрид ја објави фотографијата во јавноста.

Меѓутоа, кога видел што коментираат фановите, решил што побрзо да ја избрише, но веќе било доцна бидејќи фотографијата стана хит на социјалните мрежи.

Многумина веруваат дека Бензема сакал да сокрие дека во авионот бил во друштво на жена, сепак, верните фанови експресно го разоткрија.

 

 

Се вчитува...