Јаневски: Јас сум виновен за поразот, не се откажуваме од трката за титулата

Вардар го доживеа првиот пролетен пораз и загуби од Работнички со 2-1 на денешното градско дерби кое се одигра на арената „Филип Втори“. Тимот на Чедомир Јаневски имаше негатива од два гола по само шест минути игра, и тоа се покажа како пресудно за триумфот на „романтичарите“.

„Многу лошо го почнавме натпреварот. На наши грешки примивме два гола по само неколку минути од почетокот, и потоа беше многу потешко. Создадовме шанси, во завршницата и намаливме, но не успеавме да стигнеме до реми. Јас сум виновен за овој пораз, јас го одредувам тимот. Во секој случај, не се откажуваме од трката за шампионската титула, ќе се бориме се додека имаме и теоретски шанси за тоа“, изјави Јаневски по поразот од Работнички.

Се вчитува...