Јармоленко ги донираше бонусите од ЕВРО 2020 за детска клиника во Украина

Фудбалерот на украинската репрезентација Андреј Јармоленко, ги донираше сите бонуси добиени од настапот на ЕВРО 2020 во добротворни цели.

Украинецот ги донираше за купување на медицинска опрема на најголемата детска болница во Украина.

„Како што ветив, заработените бонуси од ЕП 2020 ги донирав во добротворни цели. Предадов медицинска опрема во болницата Охматдет“, напиша Јармоленко на Инсаграм.

Украина играше против Македонија во групата, и против Австрија и Холандија. Украина стигна до 1/4 финалето, каде загуби од Англија 4:0.

Се вчитува...