Јокиќ ќеркичката Огњена ја крсти по песна на Балашевиќ – и во моментите на најголема НБА слава не го заборави Џоле (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, еден од најуспешните спортисти на денешницата, деновиве е во центарот на вниманието по освојувањето на првиот шампионски прстен со Денвер во НБА лигата. Јокиќ беше најзаслужениот за трофејот на Денвер, добивајќи го и МВП признанието во финалната серија.

Меѓутоа, светот некако е воодушевен поради силните семејни односи кои ги негува Јокиќ и кои постојано ги потенцира. Светот се воодушеви и од неговата двегодишна ќеркичка која титулата цело време ја слевеше со тато.

Никола од 2020 година е во среќен брак со сопругата Наталија, со која ја имаат ќеркичката Огњена, и тие се неговата постојано и најголема поддршка. Родители станаа во 2021 година, а ќеркичката доби старо помалку необично име – Огњена.

И сето тоа поради една песна на легендарниот новосадски кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ. Заљубени во таа песна, брачниот пар Јокиќ и го даваат на својата ќеркичка името – Огњена.

Јокиќ и неговата сопруга Наталија никогаш не криеја дека се огромни фанови на Балашевиќ, а, пак, претходно и сопругата на Балашевиќ, Оливера откри дека самиот Џоле едноставно го обожавал Јокиќ, а често имал непроспиени ноќи гледајќи ги неговите натпревари.

Никола Јокиќ токму во годината на негова најголема среќа кога ја доби Огњена, беше претажен од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ во февруари 2021 година. Тогаш, не криеше, изјавувајќи…

„Не стигнав да му се заблагодарам што ми помогна една девојка да ја убедам да биде моја девојка, а после тоа таа иста девојка да ја ‘излажам’ и да ми биде жена. Тој и неговите зборови се еден водилка во мојот живот“ – рече тогаш Јокиќ.

Се вчитува...