Јубилеј за паметење: Роналдо со гол и асистенција на 1.200 натпревар во кариерата (видео)

Кристијано Роналдо со стил го прослави големиот јубилеј, Португалецот го одигра својот натпревар број 1.200 во кариерата, предводејќи го својот Ал Наср до убедлива победа од 4-1 над составот на Ријад.

Токму португалската суперѕвезда го отвори резултатот во првото полувреме за водство од 1-0, а веднаш потоа следеше и асистенција за зголемување на предноста на Ал Наср. Покрај Кристијано, во листата на стрелци се запишаа и Талиска (два гола) и Отавио.

Кристијано Роналдо со 16 погодоци е најдобар стрелец во шампионатот на Саудиска Арабија, со два гола предност во однос на Александар Митровиќ.

Се вчитува...