Кајрен Вилсон е нов светски шампион во снукер

Англичанецот Кајрен Вилсон е нов светски шампион во снукер откако во финалето на шампионатот во „Крусибл театарот“ во Шефилд славеше против изненадувањето на турнирот, Велшанецот Џек Џонс со 18-14 во фрејмови.

За Вилсон ова беше второ финалево Крусибл во кариерата, а во првото пред четири години загуби од Рони О‘Саливен со 8-18.

За победата, Вилсон ќе добие парична награда од 500.000 фунти.

Се вчитува...