Како изгледал првиот автомобил на Жозе Мурињо?

Жозе Мурињо е еден од најплатените фудбалски тренери на денешницата. Во секој од клубовите кои ги водеше во кариерата Мурињо заработуваше голема сума на пари, со која можеше да си дозволи убав живот.

Меѓутоа тој на почетоци не уживал како тоа што го прави сега. Како студент го добил првиот автомобил кој бил подарок од татко му, а тоа бил скромниот „Рено 5“.

„Татко ми, ми го купи првиот автомобил. Имав само 18 години и веднаш по положувањето за возачка тој ми купи „Рено 5““, изјави Мурињо.

„Специјалниот“ во моментов е заштитно лице на „Јагуар“, а во својата гаража може да се пофали со моделот „F-Pace“.

Се вчитува...