Каков татко, таков син – семејството Киеза испиша историја на ЕП

Федерико Киеза беше фудбалерот што успеа да го скрши отпорот на Австрија и да го трасира патот на Италија кон четвртфиналето од ЕВРО 2020.

Воедно, крилниот офанзивец на Јувентус со својот испиша историја на европските шампионати, бидејќи Федерико постигна гол на еден ЕВРО цели 25 години откако истото му појде од нога и на неговиот татко Енрико.

Имено, Енрико Киеза беше стрелец за Италија на дуелот против Чешка на ЕВРО 1996, за сега да дочека и неговиот син да донесе радост на целата нација за време на еден европски шампионат.

Се вчитува...