Каков удар за Полска: Левандовски го скинал мускулот!

Полската спортска јавност ја доби најлошата можна вест на неколку дена пред стартот на ЕВРО 2024, откако беше обелоденето дека повредата што Роберт Левандовски ја заработи на вчерашниот меч со Турција е од сериозен карактер.

Врз асот на Барселона утрово беа извршени детални прегледи, а „Спортове Факти“ обелодени дека резултатите се катастрофални за Полјаците – Левандовски има скинат мускул на ногата и ќе мора да паузира извесен период од терените.

Според овој извор, Левандовски дефинитивно ќе го пропушти првиот меч на ЕВРО 2024 што неговата селекција в недела ќе го игра против Холандија, а прашање е дали најдобриот полски фудбалер ќе може да се рехабилитира за да помогне на следните две средби на оваа репрезентација, против Австрија и Франција.

Само за потсетување, на претходниот пријателски меч тешка повреда заработи Аркадиуш Милик, кој мораше да биде опериран и голгетерот на Јувентус отпадна од комбинација за настап на ЕВРО 2024.

Се вчитува...