Кан: Со комплетна пожртвуваност и верба невозможното ќе го направиме возможно

Фудбалерите на Баерн Минхен ги очекува тешка задача за да се најдат меѓу најдобрите четири тима во Европа. По првиот четвртфинален натпревар против Манчестер Сити баварците имаат негатива од 3-0 со што треба да приредат чудо во реваншот на „Алијанц Арена“.

А, во него верува клупскиот директор Оливер Кан кој даде свое гледиште за моменталната состојба на тимот и предзивиците кои следат. Славниот Германец вели дека во среда неговиот тим ќе се обиде невозможното да го направи возможно, а за тоа треба комплетна пожртвуваност и верба.

„Резултатите и игрите како оваа не ни даваат мир, но и покрај тоа се уште сме лидери и ќе го браниме ова место со се што имаме. Сега комплетно да се фокусираме на мечот во среда. Треба да направиме се што можеме за невозможното да го направиме возможно. Тоа бара комплетна пожртвуваност и верба во тоа. Се е возможно со поддршката од нашите фанови во арената. Доволно пати сум го видел тоа“, изјави Оливер Кан.

Се вчитува...