Канзас Сити го одбрани трофејот, Махомс МВП (ВИДЕО)

Канзас Сити е освојувајчот на Супербоулот 58 откако во големото финале одиграно во Лас Вегас славееше по продолжение со 25-22 над Сан Франциско, воедно одбранувајќи ја титулата со што Цифси станаа првиот тим по Њу Ингланд кој во 2005 година успеа да стигне до два трофеи едно по друго.

За најкорисен играч на финалето беше избран Патрик Махомс кој имаше извонредна партија со 333 освоени јарди и 66 истрчани со еден фрлен тачдаун и една пресечена топка. Притоа го имаше и клучното додавање за победа на три секунди пред крајот.

За него тоа е трет „Ломбарди“ трофеј во само шест години откако е стартер.

Се вчитува...