Касано: Успеавме да го освоиме ЕВРО без напаѓач

Поранешниот репрезентативец на Италија, Антонио Касано изјави дека „аѕурите“ успеаја да стигнат до европската титула и покрај тоа што во составот немале ниту еден напаѓач.

„Имавме голем проблем. Сепак, станавме шампиони на Европа и покрај фактот што немавме напаѓач. Само изнесувам факти. Тоа е единствен случај. Тренерот ги заслужува сите пофалби. На првата конференција за новинари рече дека оди на ЕВРО како би го освоил“, изјави Касано. 

Два напаѓачи на Италија на овој шампионат беа Чиро Имобиле, кој постигна само два гола и Андреа Белоти ,кој не се ни запиша во листата на стрелци.

Се вчитува...