Кејн предупредува пред ЕВРО: Нема да биде лесно како што мислите

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн говореше за медиумите по поразот на „Гордиот Албион“ од Исланд во последната подготовка пред престојното Европско првенство во Германија каде неговата репрезетнација е фаворит број еден за освојување на трофејот.

Искусниот голгетер вели дека поразот треба да биде повик за будење бидејќи нема да има лесен противник во Германија.

„Ваквите порази можат да бидат повик за будење за сите нас. Мораме да разбереме дека нема да биде толку лесно како што мислат луѓето. Имаме многу работа да завршиме, понекогаш треба да се разбудите.

Има многу елементи што треба да ги поправиме, особено во пресингот. Натпреварите во групната фаза ќе бидат слични на овој против Исланд. Ќе мораме добро да се браниме, особено против долгите топки. Треба да бидеме и трпеливи во нападот“, вели Кејн.

Се вчитува...