Кенискиот атлетичар Џофри Кируи победи на Бостонскиот маратон што се одржа денеска, додека во женска конкуренција славеше неговата сонародничка Една Киплагат. Кируи на целта пристигна во време од 2:08.37 часа, и стигна до својата прва победа воопшто на една маратонска трка. Второто место на 121.издание на Бостонскиот маратон му припадна на Американецот Гален Руп, кој заостана 22 секунди зад победникот, додека на третата позиција заврши Јапонецот Сугуру Осако.
Кај дамите, Една Киплагат беше првопласирана, а трката ја заврши со 59 секунди предност пред Роса Челимо од Бахреин. На третото место се пласираше Американката Џордан Хасеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА