Поранешниот кинески фудбалер Ли Тие е осуден на доживотен затвор, пишуваат кинеските медиуми. Ли Тие призна дека дал мито и дека учествувал во местење фудбалски натпревари.
Платил повеќе од 350 илјади евра за да стане селектор на кинеската репрезентација, а признал и дека учествувал во местењето на мечот меѓу Хебеи и Вухан Зал.
„Многу ми е жал за се. Требаше да тргнам по вистинскиот пат. Имаше одредени работи кои беа вообичаена практика во фудбалот во тоа време. Откако постигнав успех на такви несоодветни начини, всушност станав сè понетрпелив и желен за брзи резултати“, изјави Тие.
Ли Тие играше за Евертон од 2002 до 2006 година, а беше член и на Лиаонинг, Шефилд Јунајтед и Ченгду Блејдс. За кинеската репрезентација која две години ја водеше како селектор играше 92 пати и постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА