Кире Лазаров: 90% на следниот Мундијал ќе ме гледате во тренерка покрај клупата!

Селекторот Кирил Лазаров најпрво го анализраше натпреварот со Чешка, за кој кажа дека она за кое стравувал пред мечот, се остварило, а тоа е горење во желбата на момците.

Тој напомена дека на одредени играчи им се поставува како татко и како ментор, и дека му е драго што на крајот Македонија ќе игра на уште еден Мундијал.

„Мислам дека победивме заслужено. Демонстирравме квалитет, а тоа што ме плашеше пред мечот, се случи, едноставно да изгориме во желба, и да го приведиме натпреварот во помирна завршница. Мислам дека можевме во првиот дел, но поради некоја брзоплетост не го нарпавивме. Среќни сме, задоволни сме, и треба да анализираме, мислам дека е голема работа. Совладавме моќни репрезентациии Романија, Чешка. Беа дисциплинирани момците, мислам дека физички паднавме денеска, затоа што овие играчи играат и европски купови, голем дел се веќе во завршницата, и умор е умор. Пресреќен сум, ова е голем резултат за Македонија. Бевме скептици сите заедно после СП во Египет, после ЕП во Австрија без Лазаров и Миркуловски ќе нема македонска репрезентација, но се изборивме, мислам дека имаме реални шанси да се пласираме на ЕП, во најмала рака имаме квалитет, но треба да работиме сериозно. Драго ми е за Талески и Кузманоски. Пробав да им помогнав, им се поставувам како татко, и во тешки моменти ги бодрам, не е лесно да се биде репрезентативец. Драго ми е, Талески даде одлучувачки гол, Кузманоски даде клучен пенал. Допрва ќе градиме квалитетна репрезентација која ќе биде рамноправна со големите светски селекции“, рече Лазаров за МТВ.

Дали ова значи и последен меч на Лазаров?

„Ако тоа се случеше простувањето мое денеска, ќе беше дополнителен притисок и за мене и за момците. Сега не е време, најважно е Македонија, ќе имаме време за простувања“, изјави Лазаров.

Дали ќе го гледаме Лазаров како селектор или како играч на следниот Мундијал?

„90% ќе ме гледате во тренерка, треба да знае човек да се прости кога е на врв. Најмногу ја продолжив кариерата поради Македонија. Моето искуство и сикуството ан Миркуловски придонесе да играме уште едно на СП. Ми беше многу тешко што не можев да помогнам на Европското првенство, но се вратив да помогнам за да одиме на Мундијал, и многу сум среќен што го остваривме тоа“, заврши Лазаров.

Се вчитува...