КК Гостивар: Имало и ќе има неспортско навивање во Македонија, но гостински кошаркари да се пресметуваат со публика…

Натпреварот на 8. коло од Суперлигата помеѓу Гостивар и Пелситер наместо добра кошарка донесе немили сцени во „Младост“ каде по пресметка за дуел дојде до зоврување на страстите. Малешевиќ влезе во конфликт со публиката, па гостинскиот тренер беше погоден со пластично шише од трибините, а следеше и одговор гостинските кошаркари па дојде до општ хаос.

Епилогот беше повлекување на кошаркарите во соблекувалната, по што официјалните лица донесоа одлука мечот да продолжи по празнењето на трибините во салата, а по долгиот прекин мечот заврши со по само пет кошаркари од двете страни.

Сега со соопштение излезе и Гостивар кој ги осуди немилите сцени, но и гостинскиот тим за обид за физичка пресметка со публиката и членови на домашниот тим.

„Клубот КК Гостивар ги осудува вчерашните настани кои немаат допирна точка со спортот и кошарката, на многу натпревари имало и ќе има спортско и неспортско навивање од страна на публиката, но ретко имало случај каде гостинските играчи се пресметувале физички и вербално со публика и членови на домашниот тим.

Сите тие настани доведоа до тоа да се прекине натпреварот при водство на нашиот тим. Благодарение на брзата и професионална интервенција на полицијата се спречи инцидент од поголеми размери. Оставаме на Федерација да ја реши ситуацијата во интерес на спортот и со тоа се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани.

КК Гостивар“, стои во соопштението на Гостивар.

Се вчитува...