КК Пелистер: Најостро го осудуваме неспортското навивање, постојаното фрлање предмети на теренот и лично заканување кон кошаркарите

Наместо по одлична кошарка, натпреварот помеѓу Гостивар и Пелситер од 8. коло во Суперлигата ќе остане запомнет по инцидентот кој донесе долготраен прекин во „Младост“. По дуел-пресметка на теренот и вербалната пресметка помеѓу Малешевиќ и публиката ситуацијата ескалира, а најмногу настрада тренерот на гостите, Марјан Илиевски кој беше погоден со шише.

По целата ситуација се огласија и двата клуба кои ги осудија немилите настани и неспортското однесување, а по соопштенето на Гостивар, во целост ви го пренесуваме и соопштението на Пелистер.

„Почитувани

КК Пелистер чувствува потреба да ја изнесе во јавноста ситуацијата која ја затекнавме на натпреварот од осмото коло на Суперлигата 2021/22 против Гостивар. Нашиот клуб ја поздравува исполнетоста на спортската сала „Младост“ во Гостивар и кошаркарскиот амбиент со кој секогаш се среќаваме кога гостуваме во овој кошаркарски град. Вистинско задоволство е да се игра во таков амбиент и веруваме дека така ќе биде и во иднина.

По постојаните непристојни провокации, вулгарни дофрлувања, фрлања на предмети од трибините во текот на целиот натпревар и дополнително на тоа неспортски провокации од клупата и кошаркарите на Гостивар кон нашите кошаркари, во финишот од натпреварот се случи ескалација на зовриената атмосфера и немилиот настан ескалира. Нашата екипа беше класично нападната од сите страни, гаѓани со секаков вид на тврди предмети и во тој хаос секоја се снаоѓаше како знае и умее. За жал најмногу настрада тренерот на екипата Марјан Илиевски, кој беше погоден со тврд предмет во главата.

Делителите на правдата максимално професионално ја изменаџираа и тоа како деликатната ситуација, за која што ние како клуб максимално дадовме поддршка, а се во интерес на кошарката, се овозможија услови натпреварот да продолжи.

КК Пелистер најостро го осудува секој вид на ваков тип инциденти и вакво неспортско навивање со постојано фрлање предмети на теренот и лично заканување кон кошаркарите од страна на публиката. Се надеваме дека во иднина вакви ситуации нема да се случуваат и вистинските љубители на кошарката ќе уживаат во преостанатиот дел од возбудливото првенство на Македонија

Мартин Јовановски
спортски директор на КК Пелистер“, стои во соопштението на битолскиот клуб.

Се вчитува...