Клајстерс му се врати на тенисот по седум години, загуби од Мугуруза во Дубаи

Поранешната најдобра светска тенисерка Ким Клајстерс му се врати на тенисот на 36-годишна возраст, по цели седум години пауза од ВТА тур. Таа настапи на турнирот во Дубаи и загуби од Гарбине Мугуруза со 6-2, 7-6. Но, покажа дека и понатаму е одлична тенисерка што го потврди и нејзината ривалка.

„Ова беше посебен меч за мене. Таа и понатаму е врвна тенисерка“, изјави Мугуруза.

Клајстерс за две седмици ќе настапи на турнирот во Монтереј (Мексико), а потоа и на Индијан Велс каде има две титули во кариерата. Ким Клајстерс која сега е мајка на три деца е поранешен женски рекет број 1, четирикратна грен-слем шампионка, со три трофеи на УС Опен (2005, 2009, 2010) и една титула на Австралија Опен (2011).

 

 

Се вчитува...