Кого пцуеше Несторовски!? Мрме вели дека треба да ја види снимката, јавноста бара Нестор-гол да се избрка од репрезентацијата (ФОТО)

Илија Несторовски со гол од пенал во 82. минута ја запечати победата од 5-0 на Македонија против Лихтенштајн. Меѓутоа место да искаже задоволство и радост од заокружениот триумф, напаѓачот на Удинезе се упати кон камерата упатувајќи специфични пораки и навреди.

Селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата по средбата истакна дека не знае за тој момент.

„Треба да ја видам најпрво снимката. Искрено не знам што се случило“ – истакна Ангеловски.

Но, веднаш по натпреварот преку својот Инстаграм профил се огласи Несторовски.

„Навредата беше наменета за три личности кои три дена ми се закануваат и ме навредуваат мене и моето семејство. Тие добро знаат кои се!“ – напиша Несторовски.

Сепак, јавноста е револтирана од таквиот однос. Поголемиот дел од навивачите истакнуваат дека пцовките звучеле како „обраќање до целокупната македонска спортска јавност која го критикуваше Несторовски за промашувањата во Романија“. Па, сега некои бараат и негова суспензија од репрезентацијата.

Се вчитува...