Коко Гоф – супертинејџерка која на 15 години се проби меѓу 50. најдобри во светот

Американската тинејџерска сезнација, Коко Гоф го освојува светот на тенисот во последната година и исклучително брзо напредуваше на ВТА листата. Таа направи подвиг и стана само втората тенисерка која на 15 години влегла меѓу 50-те најдобри на ранкингот, прва на која тоа и успеало во последните 15 години по Сесил Каратанчева во 2005 година.

Гоф има метеорски напредок од јуни минатата година кога стигна до четвртото коло на Вимблдон во дебитантскиот настап на грен-слем турнирите. Потоа се пласираше во третата рунда на УС Опен пред да ја освои првата ВТА титула во кариерата в о Линц пред крајот на 2019 година.

На крајот од 2018 година, Гов беше 686 година и неверојатно се искачи на 68 пзоиција на крајот од 2019. На последниот рангкин, апдејтуван денеска американката е на 49.место.

Се вчитува...